Викендов дожд и пад на температурите
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец.
Во недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.