Викендов дождливо и нестабилно време
Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата ноќ ќе продолжат двата дена од викендот па се до вторник.

Повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и околината до вторник (11 ноември) ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Локално пак овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и со електрични празнења.
Во однос на температурите, тие ќе бидат малку над просекот за овој дел од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до 16 степени.






