Викендов нестабилно и посвежо време

Во сабота доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови на земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења, информира УХМР.

Во недела ќе биде променливо облачно и ветровито, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура во недела и во почетокот на следната седмица ќе биде пониска за 3 до 5 степени, особено во северните делови.

Back to top button
Close