Викендов нестабилно, со дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР за викендов најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти, утре претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални девет степени во Маврово до максимални 32 во Гевгелија.

И во следните денови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела температурата ќе биде од 10 до 30 степени. Слични вредности се прогнозираат и за периодот од понеделник до четврток.

Back to top button
Close