Викендов потопло со утринска магла и повремен дожд

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, a преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне со услави за појава на слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Утре облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка.

Back to top button
Close