Викендов во Берово ќе се одржи настанот ,,Малешевска корија – Спорт авантура 2020″

Во организација на Планинарски спортски клуб „Малешевска Корија” викендот во Берово ќе се одржи настанот ,,Малешевска корија – Спорт авантура 2020″. Настанот како што информираат организаторите е во рамки на одбележувањето на Европската недела на спортот во Македонија“.

– Годинешното мото на настанот е ,,Биди активен” и е дел од серијалот настани со цел развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, промовирање на стил за водење грижа за здрав живот на секој поединец, истакнаа организаторите.

Настанот како што додадоа вклучува две планинско-велосипедски тури низ Малешевијата.

-Се надеваме дека овие „МТБ“ тури на 19 септември 2020 година ќе донесат многу забава и дружење. Истите се наменети за сите љубители на природата, млади, рекреативци, спортисти, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство, додадоа од ,,Малешевска корија”.

Првиот настан од ваков тип беше одлично прифатен од јавноста и според организаторите беше одлично прифатен и високо оценет од учесниците и пошироката јавност.

Back to top button
Close