Викендов во Идризово трет „Јулски коњички турнир“

– Коњичкиот клуб Анималс од Скопје утре на терените Дрма-Идризово ќе го организира третиот „Јулскиот коњички турнир“ и 4. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021година.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 метри до 1,20/1,30 метри.

Почеток на натпреварите е закажан за утре (17 јули) со почеток во 9:30 часот.

Back to top button
Close