Вилијамс: Отсуството на играчи нема да ја омаловажи титулата на УС Опен

– Серена Вилијамс смета дека отсуството на многу од ѕвездите на претстојниот УС Опен нема да ја омаловажи титулата. Во Њујорк нема да играат 6 тенисери од Топ 10, предводени од првите две во рангот Ешли Барти и Симона Халеп, како и минатогодишната шампионка Бјанка Андреску.

Според Вилијамс, ова сепак нема да го намали значењето на трофејот.

– Сè уште треба да победите на седум натпревари, без разлика кој е против вас. Ако ја освоите титулата, треба да бидете горди на вашиот триумф во овие ненормални околности – без навивачи и со сите овие правила и ограничувања. Ова ќе биде многу сериозен психолошки тест, рече 23-кратната освојувачка на Гренд-слем титули на прес-конференцијата пред почетокот на „Western & Southern Open“.

Вилијамс исто така рече дека изнајмила куќа во Њујорк наместо да остане во хотел подготвен за играчите, бидејќи се плаши од потенцијални ризици по нејзиното здравје.

– Имам здравствени проблеми и не сакам да се заразам со „Ковид-19“ или ако тоа се случи, би сакала да биде полесно. Со оглед на моите проблеми со белите дробови, решив дека престојот во хотелот ќе биде премногу ризично за мене. Дома, контролата е полесна и јас треба да бидам што е можно посмирена и пофокусирана за да играм добро, рече 6-кратниот шампион на УС Опен.

Во својот прв натпревар на „Western & Southern Open“, Серена Вилијамс ќе игра против победничката на натпреварот помеѓу Аранча Рус или Алисон Ван Витваннк во следната фаза.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close