Вимблдон го зголеми наградниот фонд

Вимблдон го зголеми овогодинешниот награден фонд на 53,5 милиони фунти, што е за седум проценти повеќе од 2024 година и двојно повеќе од пред една деценија, објавија денеска организаторите.
Победниците во поединечна конкуренција ќе заработат по три милиони фунти, што е за 11,1 процент повеќе од наградниот фонд што го освоија Шпанецот Карлос Алкараз и Чехинката Барбора Крејчикова минатата година.
Тенисерите кои ќе бидат елиминирани во првото коло од натпреварувањето во поединечна конкуренција ќе инкасираат 66.000 фунти, што е десет проценти повеќе од ланското издание

Back to top button
Close