Вината е кај „Комунална хигиена“ пресуди Орце Ѓорѓиевски. Му требе генералка на Скопје тоа не е квантна физика туку добра организација.
Во првите 72 часа ќе направам генералка на цело Скопје, рече вечерва кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во тема на денот во вестите на провладината ТВ Сител.
– Проблемот со сметот не е само од денес не е од изминатата недела, ние имаме хроничен проблем неколку години наназад, со кој се соочуваме како скопски градоначалници, земајќи во предвид дека на многумина не им се јасни ингеренциите и постојано го вперуваат прстот. Граѓаните на крајот од денот и не ги интересира, тие уредно си плаќаат, но, го вперуваат често пати прстот во нас како локални градоначалници во која било од скопските општини.
Ние во неколку наврати во минатото делувавме самите, дури во неколку од тие случаи и бевме казнувани, но подоцна се покажа дека се неиздржани казните, паѓаа пред да дојде ред општината да плаќа евентуална глоба – рече Ѓорѓиевски во гостување на провладината телевизија.телевизија
Во тој контекст, додаде тој, изминатиот период од неколку дена е најалармантен, во предизборието, кога се случува „Комунална хигиена“ да не постапува или делумно да постапува.
– Дополнителен проблем што е констатиран од сите скопски градоначалници е дека на многу од микролокациите, на места каде имало 3-4 контејнери во моментот има по 1 контејнер. Ќе треба да утврдиме дали некој свесно или намерно го направил тоа – рече Ѓорѓиевски.
Ѓеорѓиевски не рече ништо за шпекулацијата која повеќе од еден месец се шири во јавноста дека одеднаш појавените купишта ѓубре прд наместо во којнетерите,нешто што никогаш не било во Скопје,можно е да е организирана предизборна саботажа за уште една предизборна саботажа на ВМРО ДПМНЕ со градоначалничката Данела Арсовска со која врпрочем се скараа за парите од кредитот на ЕБОР за градење пречистителна станица. Арсовска тогаш јавно го обвини тогашниот директор на Водовод сега министер кого го обвини дека не и кажувал ништо околу кредитот и изјави дека ги фатила со „рачињата во мед“.
Од тогаш почна вистинска војна до истребување на релација Влада со град Скопје а единствено погодени беа граѓаните на Скопје.