„Винчини“ продолжува со работа
„Винчини“ полека се консолидира и продолжува со работа, а целиот тим веќе е прилагоден во фабриките, соопштија од од Макпрогрес Груп.
На 6 септември во вечерните часови во пожар изгоре еден производен погон и два магацина на компанијата од Виница, еден од најголемите произведувачи на кондиторски производи.
– Целиот наш тим е вратен и целосно прилагоден во фабриките „Винчини“, „Сончева долина“, „Фантазија“, „Натура“, „Дони“, а и „Винчини чоколадна фабрика“. Навистина сме горди што ги преземаа сите предизвици како вистински шампиони, стои во официјалната изјава на Макпрогрес Груп.
Тие, како што наведуваат, искрено и од срце се благодарни за огромната поддршка што ја добиле.
– Ова е феномен, да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и зад еден мал град како Виница. Тоа од сега натаму ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна, потенцираат во официјалната изјава за јавноста од Макпрогрес Груп