Винисиус пред дуелот со Атлетико: Цела сезона чекаме вакви натпревари

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор очекува „забава“ на мечот против Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ директно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека „белите“ во претходното коло го елиминира Манчестер Сити.

-Дербито е вид на натпревар што ни се допаѓа. Цела сезона чекаме вакви натпревари, особено дерби во Лигата на шампионите. Никогаш не сум играл, ова ќе биде мое прво и навистина сум возбуден што ќе играм таков натпревар. Ќе биде прекрасна забава за нашите навивачи утре, како и за нивните навивачи во вториот натпревар, изјави Винисиус.

Бразилецот беше прашан и за неговото темпераментно однесување на важни натпревари.

-Тоа е нормално. Адреналинот влегува во текот на натпреварите затоа што сакам да победувам. Правам многу работи што не треба, но мислам дека станува се подобро со секој натпревар. Се обидувам да останам посмирен, соиграчите ми помагаат со нивната смиреност и се подобрувам, малку по малку. Овде сум долго време, но луѓето забораваат дека имам само 24 години и имам уште многу да учам. Така да – учам, порача тој.

Се повеќе врвни играчи се упатуваат кон Саудиска Арабија, но тоа не е во плановите на Винисиус.

-Мирен сум бидејќи имам договор до 2027 година. Се надевам дека ќе го продолжам што е можно поскоро бидејќи сум среќен овде. Го живеам мојот сон – играм со најдобрите фудбалери во светот, најдобриот тренер, најдобриот претседател, најдобрите навивачи. Сите ме сакаат многу. Никаде не може да ми биде подобро. Сакам да станам легенда на Реал Мадрид и тука да испишувам историја, заклучи Бразилецот.

Натпреварот се игра во вторник од 21:00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Back to top button
Close