Вирус ги напаѓа мозокот и синусите, пациентите се жалат на главоболка и мачнина – први на удар се децата
Висока телесна температура и над 39, главоболка и мачнина се симптомите на кои се жалат повеќето деца во Србија овие денови, но и младите и возрасните.
Педијатарот д-р Саша Милиќевиќ за „Пинк.рс“ вели дека се работи за респираторен вирус кој ги напаѓа дишните органи.
– Децата се првите на удар на овој вирус, но не се поштедени ниту возрасните, особено оние кои работат во колектив, бидејќи таму најлесно се пренесува. Се шири преку капки, преку зборување, кивање и подоцна ракување. Исто така, најчесто циркулира во градинките и училиштата, поради што први на удар се децата. Овој вирус може да ги зарази менингите кои го опкружуваат мозокот и затоа се јавува главоболката. Може да ги нападне и синусите, а често се јавува и дијареа – објаснува д-р Милиќевиќ и додава дека симптомите се поизразени кај децата.
Тој советува и дека одморот е неопходен, бидејќи симптомите можат да траат од три до пет дена.
– Покрај одмор, треба да пиете лекови за треска, многу течности и витамини, додека антибиотиците не треба да се даваат. Во суштина, телото сам се справува со овие компликации. Проблемот настанува бидејќи симптомите се речиси идентични со оние на алергиите, а сезоната е во тек. Единственото нешто што може да разликува респираторен вирус од алергија е присуството или отсуството на температура – вели докторот