Вистината е на наша страна.Ленин најави повлекување на автобусите

Приватните превозници најавија повлекување на автобусите откако денеска премиерот Димитар Ковачевски најави средба со нив за решавање на проблемот со долгот кон нив.

Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски порача дека вистината е на нивна страна и верува во успешни преговори со премиерот Ковачевски.

„Вистината е на наша страна. Ако постои можност преку отворање на овој дијалог да се договориме и да се реши проблемот. Така овие протести ќе прекинат и автобусите да се повлечат од блокадите“, рече Јовановски.

Back to top button
Close