„Вистини за дискус херниите низ приказни од животот“ од проф. д-р Миодраг Врчаковски

– Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Вистини за дискус херниите низ приказни од животот“ од проф. д-р Миодраг Врчаковски.
-На страниците од своето најново и најамбициозно научно дело, познатиот универзитетски професор и потврден специјалист во оваа област ги синтетизирал своите повеќедецениски согледувања, кои ќе предизвикаат широк интерес кај следбениците на оваа проблематика.Триесет и седумте текстови во оваа книга се илустрирани со фотографии, кои авторот ги направил за време на неговата долгогодишна лекарска практика, соопшти издавачот.
Миодраг Врчаковски е автор на богат научен опус, високо вреднуван и цитиран во бројни публикации, објавувани во нашата земја и во странство. Неговите дела „Магнетна резонaнца на централниот нервен систем со примена на контрасни средства“ , „Магнетна резонанца, подарок од боговите“, „Тајните на хипофизата“ и „Моќта на протоните“ имаат широка и меѓународна едукативна примена.
![Photo of [Интервју] Кица Колбе: Намерно ја соголив приказната во „Простување” од херојски идеологии и патриотизми, зад кои сите ние сме научиле да се криеме](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2021/01/kica-390x220.jpg)





