Виткоф е во контакт со Иранците уште од американските напади

 

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, остана во контакт со иранските претставници по нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран во текот на викендот, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјави од двајца високи американски претставници.

Но, неговите напори се соочуваат со значителна пречка бидејќи до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е исклучително тешко да се дојде до него откако се повлекол на скриена локација поради ескалацијата на тензиите, велат изворите.

Американските претставници посочија дека 86-годишниот Хамнеи ќе мора да ги одобри сите важни дипломатски одлуки.

Back to top button
Close