Виз Ер Скопски маратон 2020 со повик за волонтери

Виз Ер Скопскиот маратон 2020 ќе се одржи на 4 октомври под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Организаторите на маратонот, како и секоја година така и оваа имаат потреба од волонтери. Организаторите веруваат дека волонтерите имаат клучна улога во успешното организирање и реализирање на трките низ годините и без нив Виз Ер Скопскиот маратон нема да биде целосен.

Секое заинтересирано лице кое сака да се пријави како волонтер и со тоа да учествува во организирањето и спроведувањето на маратонот, може да го направи со пополнување на онлајн формулар кој што е поставен на официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон.

Краен рок за пријавување на волонтерите е до 25 септември 2020 година, односно се до пополнување на бројката на волонтери потребни за маратонот.

Лицата кои се постари од 16 години и исполнуваат одредени услови, наведени во самиот формулар, имаат можност да учествуваат на настанот.

Секој учесник ќе добие маица, вода храна и сертификат за волонтирање на  Виз Ер Скопски маратон 2020.

Согласно, ситуацијата предизвикана од коронавирусот, волонтерите кои ќе се пријават за учество на маратонот, мора задолжително да носат маска и да ги почитуваат сите протоколи.

Секој кој што сака да се пријави за волонтирање истото може да го направи со пополнување на формуларот на следниот линк.  

Back to top button
Close