Визер ќе скрати 9 полетувања од Скопје од 27 октомври, поради проблеми со моторот авиопревозникот има 40 приземјени авиони


Нискобуџетната авикомпанија Визер во зимската сезона(2024/2025) која почнува на 27 октомври планира да редуцира дел од линиите од Скопје, но на одделни дестинации ќе го зголеми бројот на неделни полети од Скопскиот аеродром. Причина за ваквата постапка на авиокомпанијата е проблемот со флотата и инспекцијата која се врши на сите авиони поради проблеми со моторите.

Компанијата сега има приземјено 40 авиони, пишува Ex-Yu Aviation News.

Од 27 октомври кога почнува зимскиот ред на летање авиокомпанијата ќе намали 9 линии од Скопје, иако претходно планираше да има поголем број линии.

Back to top button
Close