Вкупно 102 санкции за брзо возење во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Скопје е спроведена засилена акциска контрола при што санкционирани 102 возача поради брзо возење. Шест од нив се движеле со над 50 километри на час над дозволеното.

Според МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Back to top button
Close