Вкупно 19 деца се хоспитализирани во Козле позитивни на ковид

Министерството за здравство информира дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

Back to top button
Close