Вкупно 28 пожари на отворено вчера, се очекуваат шест хеликоптери и четири ер трактори од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Вкупно 28 пожари на отворено го одбележаа изминатиот ден. Најсериозно е во Старо Нагоричане, Кратово, Македонски Брод и Свети Николе. На помош се очекуваат уште шест хеликоптери и четири ер трактори кои се дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Во меѓувреме, власта вели дека добро се справува со пожарите, додека, опозицијата обвинува за колапс. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ја оценува ситуацијата како сериозна и апелира граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите од директорот на Цук, Ангелов, имало 28 пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи е подготвен како никогаш досега да се справи со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од дес

– Бројот значително падна, тој е преполовен. Во овој момент десет од нив се активни. Тоа значи дека 18 изгаснавме, односно неколку од нив се ставени под целосна контрола. Состојбата е сериозна бидејќи од овие десет околу половина горат во високи квалитетна шума, а најмалку два зафаќа борова шума, изјави Ангелов во вчерашното гостување на Сител телевизија.

Во врска со активираниот механизам за цивилна заштита на ЕУ, Ангелов информираше дека денеска, евентуално утре, ќе имаме шест хеликоптери и четири ер трактори. Два хеликоптери од Србија, два од Унгарија, еден од Словенија и еден од Чешка, и четири ер трактори, два од Германија и два од Шведска.

Ангелов во видео изјава вчера апелира до граѓаните да не излегуваат со непотребни апели за собирање на луѓе за да одат да помагаат во гаснењето на пожарите.

– Како држава имаме доволно припадници на Армијата и полицијата и ако тоа некаде го побараат локалните авторитети кој командуваат со гаснењето на пожарите – градоначалниците, ние можеме да испратиме онолку војска или полиција колку што тие ќе побараат. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист, напротив, некаде можат да сметаат во работењето на професионалните служби, на пожарникарите, војската, полицијата, на „Национални шуми“, на пожарникарите доброволци или на самите летала. Граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населените места кога огнот загрозува некое село или како во синоќешниот случај кога постоеше мала можност огнот да дојде до градот Пехчево. Во гаснењето на пожарите, граѓаните не треба да учествуваат, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири на територијалните противпожарни единици, рече Ангелов и апелира да не се создава непотребна паника.

Тој информира дека вчера седница одржувал Управувачкиот комитет, на која донеле одлука да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош.

Според Ангелов, во моментов како најсериозни се пожарите на територијата на Старо Нагоричане, Општина Кратово, Македонски Брод и Свети Николе.

Синоќа беше локализиран и големиот пожар кој пред два дена избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, а пожарот се закануваше да го зафати и градот Пехчево.

Back to top button
Close