Влада: АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од Владата.

Нагласуваат дека производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.

-Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што е најчест дефект во термоелектраните, велат од Владата и додаваат дека РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.

Back to top button
Close