Влада: Да се најде начин Спорт Клуб и Арена Спорт да се емитуваат на македнски/албански јазик

Агенцијата за електронски комуникации треба да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност

Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да се најде начин, спортските канали Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата државада можат да се емитуваат на македонски/албански јазик.

Ова вечерва го соопштија од Владата откако била разгледана и усвоена информацијата за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи.

Агенцијата треба да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност.

Back to top button
Close