Влада: Ги подобруваме условите на лицата со попреченост

Со дискусија за унапредување на инклузијата на лицата со попреченост, денеска во Владата, се одржа четвртата средба на советниците на претседателот на Владата – Милан Живковиќ, Спасе Додевски и Теодор Богоевски со претставници на Граѓанската иницијатива „Време Е!“, каде членуваат родители на деца и лица со попреченост.

На средбата, информираат од владината прес-служба, учествуваа и претставници од институциите соодветни и надлежни за исполнување на барањата кои се креирани од самата Иницијатива „Време Е!“. Присутни беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Фондот за здравство осигурување и МКФ (Меѓународната класификација на функционирање).

Советникот Живковиќ, како што нагласуваат, истакнал дека ова е првата средба во „полн состав“ каде претставниците на Иницијативата „Време Е!“ директно се известени од институциите за текот на исполнување на барањата, како и за динамиката за нивната имплементација.

-Владата останува посветена да работи и постојано да ги унапредува и олеснува условите за живот на лицата со попречености, без разлика на возраста на лицата. Целта е подобрување на животот на лицата со попречености преку системски решенија и изнаоѓање крајни решенија, креирани на инклузивен начин, велат од Владата.

Од советниците Додевски и Богоевски, додаваат, беше истакнато дека во последните пет години е направено многу, отпочнати се европските процеси, не само во поглед на обезбедување квалитетен Закон за социјална заштита, туку и во поглед на останатите проблеми на овие лица, кои заслужуваат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството. Беше споменато дека посебно се работи на измените на Законот за вработување, во делот за подобрување на системските решенија за вработување на лицата со попреченост.

-Барањата кои се веќе исполнети и имплементирани (или во тек на имплементација) вклучуваат скратување на рокот за стекнување на право на ортопедски чевли од 9 на 6 месеци, постапката за добивање на помагалото „говорен процесор“ е завршена (потпишан договор на ФЗО на 28.03.2022 година), ослободување од партиципација за болничко лекување за придружник, како и покачување на висината на посебниот додаток (останува да се дефинира начинот и методологијата). За сите останати барања на Граѓанската иницијатива „Време Е!“ постигната е согласност од надлежните институции, а останува да се дефинира концептот како истите да се имплементираат согласно буџетот на Република Северна Македонија со фокус на зголемување на видот на услугите и опфатот на истите за лицата на попреченост, порачуваат од Владата.

Нагласуваат дека е постигнат договор Иницијативата „Време Е!“ да одржува редовни средби (еднаш месечно) во истиот состав како денешниот, со тоа што во рамките на секторските консултации со ресорните институции учество ќе земат и претставници на Иницијативата од соодветните теми.

Според најавите од Владата, во следните три до шест месеци се очекува да се реализираат поголемиот дел од барањата

Back to top button
Close