Влада: Изминатото деноноќие произведени 17.261 мегават час електрична енергија

 АД ЕСМ вчера произведе 17.261 мегават час електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, при тоа во термоелектраните се произведени 11.754, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.507 мегават часови, информираат од Владата.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопштија од Владата.

Back to top button
Close