Влада: Корисници на домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени следнава недела

Соопштение на Влада на СРМ

Листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на следнава недела.

Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.

Ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да го дезинформираат населението.

Граѓаните кои ќе ги добијат домашните платежни картички, како и ваучерите се граѓани на кои им е потребна помош за да ја пребродат кризата, како невработени лица, приматели на социјална помош и граѓани кои се со ниски месечни примања.

Back to top button
Close