Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата објавена од Брима, да се извини на граѓаните

На вечерашното гостување на телевизијата Канал 5, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе целосно неточна информација дека анкетата на Брима, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, се вели во соопштение на Владата на РСМ.

-Не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата. Бараме од Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за ваквата груба лага, дополнуваат од Владата.

Претходно Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев на Канал 5, посочи дека резултатите од анкетата на БРИМА не се релевантни и дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ и делегитимирање на актуелната власт.

„ БРИМА анкета е платена со владини пари на тендер. Победата на опозицијата на овие Локални избори не е доведен во прашање и тоа ќе биде крај на оваа влада. Граѓаните ќе го кажат своето. Ние нудием еден нов квалитет, најголемиот дел од кандидатите што ги предложи коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за прв пат настапуваат, 95-96% се млади луѓе, луѓе на средни години, луѓе кои се мотивирани, храбри кои што имаат визија и план и проект за општината која што планираат во иднина да ја застапуваат пред своите граѓани. Јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат, бидејќи сосема спротивното на тоа е она што го нуди СДСМ, практично повторувачи, луѓе кои што практично, ја немаат довербата од граѓаните, ја имаат целосно изневерено. И најголем дел од кандидатите ан СДСМ се луѓе кои ќе претрпат сериозен поразн на следните локални избори. Со тоа ние како ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција, комплетно ќе ја делегитимираме оваа ненародна Влада“, истакна Мицкоски.

Back to top button
Close