Влада: МВР да даде предлог како украинските патнички возила без зелен картон да можат да влезат во земјава

Владата на денешната редовна седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот.

-Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите, информира владината прес-служба

Back to top button
Close