Влада: Oбезбедeни се по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

Соопштение на Владата на РСМ

Со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close