Влада: Охридското Езеро ќе биде прогласено за споменик на природата

Освен тоа, Владата донесе Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата

На денешната редовна владина седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата, а покрај тоа донесе и Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по однос на овој предлог до 30 јуни 2022 година.

„Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата,  Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ-директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската конвенција, CITES, Бонската конвенција, Рамсарската конвенција и други“,се наведува во соопштението од Владата.

Оваа иницијатива, посочуваат од Владата, доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридско Езеро, а за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување план за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

Back to top button
Close