Влада пресече: Од полноќ нема да има полициски час

 

Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните. Почнувајќи од полноќ повеќе нема да има полициски час. Забраната за 100 гости на свадби исто така е укината и дозволени се концерти и забави, пренесува „Алсат“.

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на Covid19 и зголемување на бројот на вакцинирани

Back to top button
Close