Влада: САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Северна Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари

На денешната 108-ма седница на Владата на нашата земја е усвоено дека САД ја зголеми вредноста на грантот за партнерство со нашата земја од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари.

„Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој  УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари“-се вели во соопштението на надлежните.

Овие средства, како што информираат, УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата.

Покрај веќе наведеното, на денешната седница, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, кој се сообразува со Планот за борба против корупцијата. Со него било предвидено да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи, воведување на транспарентност во постапката за пријавување и селекција, како и намалување на бројот на членови на управните и надзорните на јавните установи.

Back to top button
Close