Влада: Спасовски и министрите кои се избрани за пратеници ќе земаплата единствено за нивниот ангажман во Владата

 

Премиерот Оливер Спасовски и министрите кои се избрани за пратеници во новиот владин состав плата ќе земат само за ангажманот во Владата, соопшти владината прес-служба.

Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.
Владата на Република Северна Македонија, како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи, вели владината прес-служба.

Back to top button
Close