Влада: Усвоена преговарачка структура за преговорите со Европската Унија

 

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа тематска едница, на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, присуствуваше и се обрати и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир. На седницата, како што информираат од Владата, била усвоена преговарачка структура за преговорите со Европската Унија.

-Од особено значење за натамошно дефинирање на активностите кои ќе следат беше усвојувањето на ревидирана структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, која го дава координативниот механизам за одвивање на преговорите со Унијата. Информацијата со предлог за ревизија на координативниот механизам на Република Северна Македонија за пристапни преговори со Европската Унија и Одлуката за воспоставување на структура за преговорите беше едногласно усвоена од членовите на Владата, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Новата усвоена структура за преговори ја сочинуваат – главен преговарач за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, кој ја врши заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и заменик на главниот преговарач, која ја врши државниот секретар за европски прашања, кој е воедно и претседавач на комитетот за стабилизација и асоцијација, Дрита Абдиу Халили.

Од Владата информираат дека остануваат и телата предвидени во 2019 година и тоа – Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија претседаван од претседателот на Владата како највисоко политичко тело на Владата за координација на пристапните преговори,  Државната делегација за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи,  Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија како стручно тело, Работниот комитет за европска интеграција, Работни групи за пристапни преговори како помошни тела на Работниот комитет.

Единствен секретаријат на преговарачкиот процес е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со оглед на тоа што надлежностите и улогата на СЕП вклучително и за координација на целокупниот процес на пристапни преговори е регулирана во Законот за Владата.

Дополнително, СЕП се задолжува да биде и депозитар на целокупната документација поврзана со пристапните преговори, како и да има координатор во сите работни групи надлежен за методолошките и процесните аспекти и координација со останатите тела на структурата за преговори. Воедно, СЕП презема надлежност и во подготовката на потребните правни акти со кои ќе се дефинираат процедурите на работење на телата. с

Back to top button
Close