Влада: Утврдена кризна состојба со јавниот превоз, Град Скопје ќе добие на заем дел од државните нафтени резерви

„Денес, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“, информираат од владата.

Владата на денешната вонредна седница на која расправала за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, донела одлука да се вклучи во решавање на проблемот. Како што информираат оттаму, донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со ова, додаваат од Владата, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Back to top button
Close