Владата бара да почнат со проектот со „Бехтел и Енка“ без дозола за градење, тврди Мицкоски

Владата бара измени на Законот за градење, односно да почнат со проектот за изградба на коридорите 8 и 10д коишто ќе ги гради „Бехтел и Енка“ без да добијат дозвола за градење односно без без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ќе бараат парцели каде што ќе ги одложат градежните машини и алати, парцели каде што ќе се изградат живеалишта претпоставувам за работниците кои што планираат да ги донесат од надвор. Потоа од она бледо соопштение од Владата слушнав дека допрва ќе биде снимањето на терен, тоа се оние геолошки и геотехнички истражни работи, како што се геологијата, како што е идентификувањето на катастарските парцели, односно дефинирање на трасата бидејќи трасата се уште не е дефинирана. Па дури потоа следи изработка на основен проект, а откако ќе биде изработен основниот проект, ревизија на истиот, па пота дури аплицирање за одобрение на градба заедно со сите оние придружни дозволи. Така би требало да биде согласно Законот за градење. Што бара владата односно кои се измените кои што тие ги бараат? Да речеме во Законот за градење бараат да го почнат проектот без дозвола за градба. Вие ако сакате да почнете градба на куќа или на било што, вие мора да извадите дозвола и да добиете одобрение за градење. Но, тие сакаат овој историски проект како што тие го нарекоа да го отпочнат без одобрение за градба, односно без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот, тврди Мицкоски.

Тој смета дека уште долго време нема да бидиме градежни активности на терен затоа што, не биле подготвени и немале проекти. Мицкоски вели дека од денеска почнуваат да течат роковите и дека државата ќе плаќа пенали на „Бехтел и Енка“.

-Да, денеска поминуваат 45 дена од денот на потпишување. Законот за работни односи не е сменет, односно работната недела е 40 работни часа, не е 60 како што тоа е предвидено во договорот и од денеска стартуваат пеналите, односно еднократно ќе треба да платите 53 милиони евра на Бехтел и Енка, а потоа секој месец ќе треба да плаќате по повеќе од 2 милиони евра за секој ден, секој месец што се доцни, Вие граѓаните. Зошто? Затоа што некој одлучил да ве краде. И затоа ја повикувам македонската јавност да застанат против ова историски злодело, а не историски проект, вели Мицкоски.

Back to top button
Close