Владата даде зелено светло компании од Турција и Бугарија да градат фотонапонски централи во Осломеј

Дадена е согласност и за долгорочен закуп на државно градежно земјиште на територијата на Свети Николе, на кое ќе треба да се изградат и други фотонапонски централни

Изборот за изградба на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашниот ТЕЦ Осломеј, падна на компании од Турција и Бугарија.

Одлуката за избор на најповолните понуди донесена од ЕСМ, денеска добила согласност и од Владата, соопштија од прес-службата.

Станува збор за турската компанија „Фортим Енерџи Електрик“ и бугарската „Соларпро холдинг“. Тие ќе треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати, од кои на ЕСМ ќе ѝ припаднат по нешто повеќе од 18 проценти од произведената електрична енергија.

Исто така, соопштија од Владата, дадена е согласност и за долгорочен закуп на државно градежно земјиште на територијата на Свети Николе, а со цел изградба на други фотонапонски централни.

Back to top button
Close