Владата дели помош: Минус 3.000 денари на сметката за струја – започна примената на мерката од Министерството за економија

„Тие што имаат најмногу потреба, ја имаат подршката на Министерството за економија. Намалување на сметките директно во нивните фактури“, напиша на Фејсбук Министерот за економија Крешник Бектеши

Како што информираше министерот Бектеши, за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари.

Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија денеска објави јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:

самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари

Back to top button
Close