Владата демантира дека на летот за Сплит со службениот авион премиерот бил со семејството

Од Владата велат дека лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска, со владиниот авион.

-Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството.

Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува.

Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери, велат од Владата.

Back to top button
Close