Владата демантира: Тозија не е сменет

Не е точно дека Владата донела одлука да не се продолжи мандатот на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, изјавија од Владата како одговор на информацијата што ја пренесе „360 степени“ повикувајќи се на напис објавен во порталот на весникот на албански јазик „Коха“.

„Владата не дискутирала и не одлучувала по таква точка на дневен ред“, дополнуваат од Илинденска демантирајќи ги наводите на „Коха“, дека вчера бил последниот работен ден на Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм.

Back to top button
Close