Владата донесе Акциски план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година

Владата денеска на седица ја усвои Информацијата за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт – годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година, за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година, и го усвои Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година.

Како што информираат од владината прес-служба,  Владата ги задолжи Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за статистика, а им препорача на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Државниот завод за ревизија да ги реализираат активностите од Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година согласно планираната динамика и за истото да ги обезбедат потребните ресурси (материјално – технички, човечки и финансиски).

Back to top button
Close