Владата донесе повеќе одлуки за именувања на директори на јавни институции и членови на управни одбори

На денешната седница Владата ги прифати предлог решенијата на владината Комисија за именувања и донесе повеќе одлуки.Меѓу одлуките за именувања се следните: Александар Цуцулоски, да го отповика од должноста вршител на должноста член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Мухамед Љамалари, да го избере за член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

-Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го разреши од должноста член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во  државна сопственост – Скопје Драги Цветковски, а за нов член на Управниот одбор да го избере Нуредин Фетаи.

-Врз основа на член  49 став 4 од Законот зa Народната банка („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, со мандат од седум години да ги именува: Борче Треновски, Никола Поповски и Марјан Петрески.

-Исни Јакупи да го именува за директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Татијана Лалчевска да ја именува за директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

-Наташа Јанковска да ја разреши од должноста член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука, на нејзино барање.

-Снежана Костовска Фрчковска да ја именува за член на Советот за стручно образование и обука, претставник од Министерството за образование и наука.

-За членови на Училишниот одбор – претставници на основачот на Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Тетово, да ги именува: Арбен Несими, Горан Савески и Душко Коцески.

Back to top button
Close