Владата ќе ја испрати до Собранието номинацијата на Пенов за министер за локална самоуправа

Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Претходно Ковачевски изјави дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав.

-Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.

 

 

 

 

Back to top button
Close