Владата ќе ги прекрши сите седум точки од Резолуцијата ако го прифати францускиот предлог, вели Илија Димовски

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека со предлогот на Макрон за решавање на македонско-бугарскиот спор, за кој министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека МНР веќе ѝ препорачало на Владата да го прифати, се прекршуваат сите седум нормативни точки од Резолуцијата за македонските „црвени линии“ која ја усвои Собранието.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Сите 7 нормативни точки на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија ќе бидат прекршени доколку Владата донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог… Непочитување на одлука на Собранието е безвластие и рушење на уставен поредок… Да потсетам, резолуција е, а не декларација…“, напиша Димовски на Фејсбук.

Back to top button
Close