Владата ќе и даде 360 илјади евра на фирма од Благоевград (Бугарија) за снимање, сликање и билдање на рејтингот на премиерот

Од народни пари ќе се плаќа промоција на „проектите“ на Владата, односно билдање на рејтингот на владејачката коалиција, но не на било кого, туку на компанија која е во сопственост на бугарска фирма!
На веб-страницата за јавни набавки денеска е објавен договорот на Генералниот секретаријат на Владата со компанијата ФРАЈДЕЈ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за Видео и фото продукција, следење и текстуално информирање за состојбите и фазите при реализација на проекти финансирани од Владата.
Вредноста на спогодбата е 23 милиони и 600 илјади денари и е во времетраење од една година.

На договорот е потпишан Игор Јанушев.

Со мало истражување на компанијата дојдовме до податокот дека сосопственици на компанијата се Марко Костадиновски и МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД.


МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД е бугарска компанија, основана во 2020 година, со седиште во Благоевград, Бугарија, управител е Зоран Милевски (бугарско државјанство), а сопственик е Ванчо Бошков (учествувал во основање на компанијата со македонско државјанство).
Повеќе РУКА