Владата ќе набави 100 нови амбулантни возила во следните две години

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски најави дека Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила. На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на овие возила со одложено плаќање на пет години.

– На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година со одложено плаќање на пет  години. Од она што го имам разговарано со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година, рече Томовски вечерва во дневникот на ТВ Сител.

Томовски посочи дека се прави исчекор во подобрување на возниот парк, со фокус на функционалноста и неопходноста, наместо на луксуз.

Тој додаде дека покрај амбулантните возила, се очекува и набавка на противпожарни возила, со цел подобрување на условите за работа на службите.

Back to top button
Close