Владата ќе заседава вечерва, се чека одлука за ПРЦ-тестовите за влез во земјава

Владата ќе заседава вечерва, со почеток во 20 часот, преку конференциска врска. Во соопштението од Владата не е наведено кои се точки се на дневниот ред на вечерашната седница.

Сепак, се очекува на ова заседание да биде донесена одлука за препораката на Комисијата за заразни болести од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави попладнево дека Владата во најскоро време ќе го разгледа предлогот на Комисијата, кој, како што рече, е усвоен исклучиво поради епидемиолошката слика во овие четири земји од регионот.

Back to top button
Close