Владата го разреши Јани Макрадули, повеќе не е генерален директор на Пошта

Владата денеска го разреши Јани Макрадули од позицијата генерален директор на Пошта на Северна Македонија.

„На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение, во кое нема ништо за причините за разрешувањето.

Поранешниот пратеник од СДСМ и министер за ТВ21 кусо одговорил дека прашањата за разрешувањето треба да се упатат во Владата.

 

Back to top button
Close