Владата го разреши. Еленовски: Немам коментар

Владата го разреши од функцијата специjален претставник на С. Македонија во Брисел, за интеграција во НАТО, Лазар Еленовски. Од Владата за весникот КОХА велат дека причината за разрешувањето е дека со полноправното членство на Македонија во НАТО, земјата нема веќе потреба од специјален преставник во Брисел.

“Почитувани, Имајќи предвид дека Република Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО на 27 март 2020 година, нема повеќе потреба за дополнителен ангажман на специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за прашања од областа на НАТО интеграциите во Брисел. Бидејќи нема потреба за понатамошен ангажман на специјалниот претставник во идина, Владата донесе Решение за разрешување на Лазар Еленовски од должноста специјален претставник на Владата на Република Македонија за прашања од областа на НАТО интеграциите во Брисел”, велат од Влада за КОХА.

Лазар Еленовски за КОХА не ја прокоментирал одлуката на владата за неговото разрешување. “Немам коментар! Се уште не сум известен официјално”, изјавил Еленовски.

Инаку, Еленовски е поранешен министер за одбрана, во 2018 со поддршка од ДУИ е избран како владин преставник во Брисел за интеграции во НАТО. Владата го разреши на 19 мај, а одлуката на Службен Весник е објавена по 8 дена.

Back to top button
Close