Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот!

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот, објави ТВ21.

Премиерот Заев и министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопштат деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

Останува уште вечерва да има полициски час од 22, а од утре порестриктивен. Филипче и Заев исто така ќе објаснат дали ќе има рестрикции и кон угостителските објекти, како што е најавено.

Back to top button
Close